Шеста „златна копачка“ за Меси, урнебесни реакции на неговиот син Матео (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Лионел Меси ја доби наградата за најдобар стрелец во Европа, откако минатата сезона Аргентинецот постигна 36 погодоци за Барселона во Примера.

Ова е шести пат Лионел Меси да ја освојува Златната копачка, а тоа е нов рекорд по бројот на овие награди. Инаку, Кристијано Роналдо оваа награда ја има добиено четири пати.

Ѕвездата на Барселона досега ја освојуваше Златната копачка за сезоните 2009/10, 2011/12, 2012/13, 2016/17 i 2017/18.

На доделувањето на наградата шоуто го украде неговиот мал син Матео за кој самиот Лео има посочено дека поседува неверојатен карактер. Додека постариот Тиаго се срамеше од камерите, Матео го сакаше трофејот во своите раце, а при фотографирањето, ги изнасмеа присутните со своите гримаси.

Слични содржини