Шести трофеј за Ѓоковиќ во Рим

од Берта Китинска

Светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, го освои Мастерсот во Рим откако во два сета попладнево го совлада Гркот Стефанос Циципас со 6-0, 7-6 .

Ѓоковиќ го одигра првиот сет против Циципас во форма на најдобрите денови. Тој го збриша грчкиот тенисер со резултат 6:0, а во вториот сет славеше по пресвртот. Циципас имаше водство од 5:2 во раце, но потоа Ѓоковиќ му го одзеде сервисот кога сервираше за израмнување во сетови.

Ова е рекордна 38. титула за српскиот тенисер на турнирите Мастерс 1000. Тој претходно го држеше рекордот со 37, а Рафаел Надал сега има два помалку од него. Тоа е негова шеста титула во Рим.

Слични содржини