Шетала гола на улица со денови: Популарна актерка сместена на психијатрија (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Тинејџерската филмска ѕвезда Аманда Бајнс со денови бесцелно талкала низ улиците на Лос Анџелес, а потоа почнала да се шета целосно гола, по што самата се јавила на 911.

После тоа, актерката била сместена во психијатриско одделение.

Првично, Аманда требало да остане кратко во болница на набљудување, но поради лошата здравствена состојба ѝ било наредено да остане.

Извори блиски до актерката за „ТМЗ“ изјавија дека не е познато што довело до таква состојба на ѕвездата, но се претпоставува дека деновите ги поминувала на улица.

Автомобилот на Аманда Бајнс беше пронајден на 15 март во Лонг Бич, област во градот што е 65 километри од нејзиниот дом и околу 40 километри од центарот на Лос Анџелес, каде што актерката беше пронајдена по повикот за помош.

Таа била фотографирана во Холивуд на 18 март.

Откако била сместена во психијатриско одделение, состојбата ѝ се подобрила, но се вели дека е неопходно да биде задржана на лекување најмалку уште една недела, за да биде подготвена да ја напушти болницата и дополнително да се следи нејзината здравствена состојба.

Да потсетиме дека Аманда Бајнс е видена во неделата наутро во центарот на Лос Анџелес како шета гола низ улиците. Актерката наводно им мавтала на возачите и им кажала на присутните дека се опоравува од психотична епизода.

Според извор за „ТМЗ“, родителите на актерката побарале старателство по нејзината последна психотична епизода кога ѝ се влошила здравствената состојба, но нивното барање не било одобрено.

Слични содржини