Шевченко: Натпреварот против Шкотска е надеж за цела Украина

од Nikola Popovski

Легендарниот украински фудбалер Андреј Шевченко проговори за шансите на Украина во баражот за пласман на Светското првенство.

Украина во среда од 20:45 часот во полуфиналето од баражот ќе игра против Шкотска, така што победникот од тој меч ќе игра против Велс во квалификацискиот дуел за Катар.

Дуелот меѓу Украина и Шкотска требаше да се одигра на крајот на март, но поради војната беше одложен.

„Натпреварот против Шкотска е надеж за целата наша земја. Одењето на Светското првенство сега е многу важно за Украина“, рекол Шевченко и додал:

„Мотивацијата е неверојатна. Според мене, треба да го оставиме резултатот на страна и да се фокусираме само на теренот. Мора да играме за навивачите, за цела Украина, за оние дома, за оние кои ја бранат земјата и за оние кои ја напуштија земјата. Верувам дека можеме да ја победиме Шкотска, а потоа и Велс и ќе се пласираме на Светското првенство. Играчите знаат што да прават“.

Да потсетиме, Шевченко неодамна стана првиот амбасадор на Фондацијата за обнова и развој на Украина.

Слични содржини