Шилегов и Вуковиќ на „Бела Ноќ“ (ФОТО)

од Берта Китинска

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави фотографии од „Бела Ноќ“.

-Заедно со градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ вечерва ја посетивме изложбата на домашни автори „Автобус на уметноста“, што се одржува на новиот Велоштад на Железничка станица, како дел од богатата програма на „Бела Ноќ“.Скопје вечерва е центар на културните случувања во државата, а граѓаните имаат можност да уживаат во културно-забавната програма на 13 локации низ Скопје.Се гледаме низ Скопје!, напиша Шилегов.

Слични содржини