Шилегов: Околу 10 јуни се очекува да стигне досега најнапредна опрема за пожарникарите

од Andreja Salpe

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска по повод Денот на пожарникарството, ја посети Станицата на противпожарната бригада во населбата Автокоманда и порача дека и понатаму ќе продолжи да инвестира во опрема и човечки потенцијал, бидејќи за безбедноста на скопјани и безбедноста на вработените во пожарната се императив.

-Јас како градоначалник вложувам многу во човечкиот, но и останатиот инфраструктурен потенцијал на противпожарната бригата. Зголемен е бројот за нови 38 пожарникари. Речиси две години во рамки на противпожарната бригада целосно се обновени униформите што целосно ги заштитува пожарникарите  и специјалните обувки, изјави Шилегов.

Тој најави и дека според последните информации со кои располага, околу 10 јуни треба да пристигне противпожарна скала и дополнителна опрема, која според градоначалникот е најнапредна опрема која противпожарната бригада ја има добиено и општо во историјата на државата.

-Пожарникарите се хероите на нашиот град. Ги надминавме децениските проблеми со кои се соочува тие, зголемени се платите, додатоците, редовно се исплаќа и хранарината. Од материјален аспект тоа што беше проблем кај пожарникарите е надминато, забележуваме и задоволство помеѓу вработените, што не беше случај до пред една година, додаде градоначалникот.

Слични содржини