Шилегов: Планетариумот на МКЦ го опремуваме по најновите технолошки стандарди, Скопје мора да продолжи напред

од Берта Китинска

Скопје мора да продолжи напред со создавањето на квалитетни услови за образование на нашите деца, нашите најсакани, но и за сите оние кои се во потрага по нови знаења. Омиленото место на вљубениците на вселената во Скопје и местото каде децата од цела земја се запознаваат со основите на астрономијата го опремуваме со современа техника и вршиме целосна реконструкција на просториите, обнова на ентериерот и системот за вентилација. Со оваа капитална инвестиција, МКЦ гордо ќе се носи со другите сродни европски центри, и ќе биде репрезент во 2022 година која е прогласена за Година на Европската младина, со овие зборови градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ја започна денешната прес-конференција.

– Планетариумот на МКЦ местото каде што преку 50 генерации граѓани од целата држава учеа за вселената, сончевиот систем, галаксиите … единствениот Планетариум во државата функционира повеќе од 50 години, со дотраена машина, со поголема музејска отколку оперативна вредност. Заради пандемијата и немањето соодветна вентилација како предуслов за одржување на настани во затворен простор, Планетариумот беше затворен скоро две години, изјави Шилегов.

– Пред пандемијата Планетариумот функционираше во полн капацитет, со организирани посети на ученици од основните и средните училишта од целата држава. Покрај организираните посети на учениците, Планетариумот беше отворен за сите заинтересирани како и за специјализирани предавања за стручната јавност. Од 2018 година, Планетариумот во МКЦ работи со нов, динамичен тим на едукатори чии термини за предавања беа денови однапред резервирани, додаде Шилегов.

– Во следните 4 години Скопје добива целосно обновен Планетариум кој преку своите дигитални и оптички можности, покрај едукација и проширување на знаењето за астрономијата, овозможува и презентации за океанографија, климатски промени и други значајни теми за Земјата и вселената, нагласи Шилегов.

– Новиот Планетариум овозможува и адаптирање на самите предавања и презентации за разни целни групи – од предавања за претшколска возраст, до стручни предавања. МКЦ како институција која нуди едукативни и културни содржини за младите мора да зачува ја дејноста на Планетариумот. Преку набавка на нова машина за презентација, како и адаптирање и осовременување на просторот и содржините кои тој ги нуди според последните технолошки и дигитални трендови во образованието, Планетариумот ќе ја задржи смислата на своето постоење – да понуди квалитетни едукативни содржини за младите, но и за сите генерации, продолжува Шилегов.

– Новиот Планетариум се опремува е во целосна согласност со новите реформи за дигитализација во образованието, како и адаптација на факултативните едукативни содржини согласно најновите светски технологии. Затоа предвидовме и воведување на технолошки решенија за следење на самите предавања на повеќе јазици (македонски, албански, турски, ромски, англиски и др.). Ова е посебно важно за полесно разбирање и следење посебно кај најмладите посетители, но и отворање кон странските посетители и жители во нашата земја, потенцираше Шилегов.

– За сето ова да стане реалност во недела е потребен е вашиот глас. Ајде да се обединиме за прогресот на Скопје. Секој глас е важен. Секој глас одлучува. Да не дозволиме Скопје да се врати назад и наместо да вложуваме во едукација и образование, да трошат на камен, стиропор и бронза. Вие одлучувате. Скопје мора да продолжи напред. Нашите деца, сите ние го заслужуваме тоа, повика Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.

Слични содржини