Шилегов за „Скопје 2014“: Дел од институциите требаше да ги забрзаат процесите за да дојде до дислокација

од Nikola Popovski

Во рамките на проектот Скопје 2014, градот има надлежност врз 5 споменици и 3 галии. Еден од нив, Ќосето го отстранивме пред Судската палата, затоа што е несоодветен да стои споменик на егзекутор на терористичка организација пред таков објект, вели градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Според него, галијата што сега се отстранува нема финансиска импликација врз буџетот на град Скопје.

-Втората е пред дислокација, а третата е во фаза на раскинување на договорот. Се сложувам дека дел од институциите требаше да си ги забрзаат процесите за да дојде до дислокација. За моја голема жал, тоа не се случи. Ќе бидам упорен во следните мандат, рече Шилегов за проектот Скопје 2014.

Слични содржини