Шилегов за Вардар: Како да се земе клуб што е во приватна сопственост со долг од 3,5 милиони евра

од Nikola Popovski

„Да потенцирам, Фк Вардар е приватна сопственост, приватен клуб. Некој одлучил да го продаде, а не нашол механизам како да се покријат трошоците. Како да се земе клуб што е во приватна сопственост со долг од 3,5 милиони евра“, изјави утринава градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за утринската емисија за ТВ Сител.

Кога станува збор за катарската инвестицијата, што беше најавена во претходниот период, Шилегов вели тоа не е затворено прашање.

„Се додека не добиеме гаранција за враќање на средствата, градот Скопје нема да го земе клубот под своја капа“, истакна Шилегов.

Градоначалникот неодамна во интервју изјави дека го дале Вардар без долгови и со играчки фонд во вредност од шест милиони евра, а сега играчите кои се во тимот вредат 800.000 евра.

„Значи е загубена вредноста на клубот. Јас не можам да дозволам градот да го земе Вардар со долг од 3,5 милиони евра. Ако го преземеме вака клубот со долгови, правиме кривично дело. Самсоненко имаше неколку ветувања дека ќе ги подмири долговите, последното беше дека тоа ќе го направи до 31 јануари, но ништо не се случи“, потенцира Шилегов.

Слични содржини