Шкупи се провлече на Гибралтар и закажа дуел со Динамо

од Nikola Popovski

Најдобриот македонски тим Шкупи се провлече на Гибралтар и иако загуби со 0:2 од Линколн, благодарение на победата од 3:0 во првиот натпревар успеа да се пласира во второто коло каде ги чека Динамо Загреб.

Линколн Ред Импс поведе во 32. минута со голот на Хуан Пена, а на 2-0 зголеми Ли Касијаро во 69. минута. На шампионот на Гибралтар му требаше уште еден гол за барем да отиде во продолженија, но гостите успеаја да се одбранат.

Шкупи ќе биде гостн во првиот натпревар од 2. претколо на 19 јули на „Максимир“, а реваншот е седум дена подоцна на арената „Тодор Проески“.

Слични содржини