Шок: Надал се откажа од Вимблдон и Олимпијадата

од Vladimir Zorba

Рафаел Надал реши да се откаже од настапот на Вимблдон и на Олимписките игри.

„Здраво на сите, решив да не учествувам на Вимблдон и на Олимписките игри во Токио оваа година. Никогаш не е лесна одлука, но јас го слушав моето тело и разговарав со тимот, разбирам дека ова е правилна одлука. Целта е да ја продолжам кариерата и да продолжам да го правам она што ме радува, да се натпреварувам на највисоко ниво, да продолжам да се борам за лични и професионални цели на максимално ниво“, рече Надал во изјавата.

„Факт е дека имам само две недели помеѓу Ролан Гарос и Вимблдон, тоа не му олесни на моето тело да се опорави по стандардната сезона што се бараше на земја. Ова беа два месеци со големи напори и јас ја донесов одлуката фокусирана на среден и на долг рок. Спортската превенција е многу важен фактор за моето тело, на ова ниво во мојата кариера. Сакам да испратам специјална порака до фановите ширум светот, особено во Велика Британија и Јапонија. Олимписките игри секогаш ми значеле многу и секогаш биле мој приоритет како спортист. Таму го најдов духот што секој спортист ширум светот сака да го доживее. Лично, имав шанса да ги искусам Олимписките игри трипати, имав чест да го носам знамето на мојата земја“, рече Надал.

Тој претрпе пораз во полуфиналето од Ролан Гарос од Новак Ѓоковиќ, остана на 20 Гренд слем титули, колку што има и Роџер Федерер.

На Игрите, Надал освои злато во 2008 година во сингл, во 2016 година беше шампион во двојки.

Слични содржини