ШОК ВО ТУРЦИЈА: Поранешен играч на Баер и Фенербахче уби човек и повреди уште четири (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Поранешниот играч на Фенербахче и Баер Леверкузен, Сезан Озтурк уби еден, а рани четворица други во престрелка во Турција.

Тој во неделата пукаше од својот автомобил кон луѓе што правеа скара во предградието Чекмекој во Истанбул.

Жртвата правела скара со својот татко, братот и пријателите покрај патот. Во еден момент, имаше дискусија кога сакаа да преминат на другата страна од патот.

Озтурк тогаш извади пиштол и пукаше во луѓе.

Според турските медиуми, едно лице загинало, а четири се повредени.

Оттогаш е во бегство и полицијата го бара.

Озтурк ја започна својата кариера во Германија, каде што е роден, во Баер Леверкузен. Подоцна играше во Нирнберг пред да замине за Турција.

Играше таму за Манисаспор, Фенербахче и Бешикташ, а неговиот последен клуб беше Жерминал Бершот во Белгија.

Слични содржини