ШОКАНТНИ СЦЕНИ ОД БРАЗИЛ: Хулигани влетале на теренот, фрлен нож кон играчи, натпреварот продолжил (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Јужноамериканците се големи фанатици кога е фудбалот во прашање, но често знаат да претеруваат.

Во саботата, 22 јануари, натпреварот помеѓу домашните Сао Паоло и Палмеирас во полуфиналето на Купот на Сао Паоло за играчи до 20 години беше прекинат, но набрзо продолжи откако двајца навивачи влетаа на теренот.

Едниот успеале да го задржат играчите на Сао Паоло, додека другиот сепак успеал физички да го нападне играчот на гостинската екипа.

Сепак, она што ги шокираше сите присутни е моментот кога главниот судија на натпреварот од теренот подигна нож, кој беше фрлен кон фудбалерите.

И покрај тоа што не е безбедно за фудбалерите на Палмеирас и што побараа да не се продолжи натпреварот, тој се играше до крај со победа на гостите од 1-0.

-Најпрво помисливме дека еден од навивачите кој влетал на теренот се обидел со нож да го нападне фудбалерот на Палмеирас. По натпреварот, судиите ми покажаа фотографија која кружи во соблекувалната на групите „WhatsApp“ и во медиумите на која се гледа дека ножот бил фрлен од трибините заедно со други предмети. На Граѓанската полиција останува да открие како овој нож завршил на стадионот, кој го извршил претресот, како и на кој влез – изјави Цезар Сад, полицаец кој потврди дека е отворена истрага.

Слични содржини