Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ очекува процедурата за отворање на Уставот и внесување на бугарското малцинство да биде отпочната во првата половина на 2023 година.
-Без пратеници од ВМРО-ДПМНЕ тоа не може да се направи. За првпат блокадата е во наши раце и од нас зависи дали ќе застанеме по скринингот на истото место или ќе продолжиме понатаму. Имаме комуникација со сите пратенички групи и пратеници, вели Маричиќ во емисијата „Само вистина“.
Маричиќ порача дека со помош на меѓународните партнери и со ангажман на Владата, ќе се дојде до потребното двотретинско мнозинство во Парламентот.
-За мене е незамисливо дека ние самите ќе се блокираме и ќе се паркираме на истото место. Се разбира дека ќе дојдат во Собранието да помогнат. Има интерес од германскиот канцелар (Олаф Шолц) и од фрацускиот претседател (Емануел Макрон) да помогнат на сите можни начини за да дојдеме до 80 пратеници, истакна вицепремиерот.