Шолц донесе одлука: Германија нема да ѝ доставува оружје на Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Германија нема да ѝ доставува оружје на Украина за напади на територијата на Русија, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесува порталот „Т-онлајн“.

Според него, Берлин ќе дејствува на таков начин што ќе избегне понатамошна ескалација на конфликтот.

– Американскиот претседател Џо Бајден тоа го формулираше сосема јасно: тој рече дека нема да испорача оружје што може да се користи за цели на територијата на Русија. Мислам дека сите останати треба да го следат тој принцип. Нема да дејствуваме сами и секогаш ќе се фокусираме на она што го прават нашите сојузници – нагласи Шолц.

Слични содржини