Шолц: Нема кратенки ниту за Украина за влез во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека напорите на Украина за пристапување во ЕУ не можат да се забрзаат и покрај „руската инвазија“, и нагласи дека правењето исклучок во случајот со Украина би било неправедно кон „балканските држави“ кои сакаат да станат членки на Унијата.

„Тие преземаат интензивни реформи со години и се подготвуваат да се приклучат. Исполнувањето на ветувањата што им ги дадовме не е само прашање на нашиот кредибилитет. Денес, повеќе од кога било, нивната интеграција е исто така во наш стратешки интерес“, рече Шолц обраќајќи се пред Бундестагот во пресрет на состанокот на лидерите на ЕУ.

Германскиот канцелар се согласи со оценката на францускиот претседател Емануел Макрон, кој претходно изјави дека ќе бидат потребни децении за Украина да стане членка на ЕУ.

Слични содржини