Шон Пен: Бојкот на Оскарите ако на Зеленски не му дозволат да говори

од Nikola Popovski

Американскиот актер Шон Пен го повика Холивуд да ги бојкотира Оскарите, освен ако на претседателот на Украина, Володимир Зеленски не му се даде можност да зборува вечерва на доделувањето на наградите во Лос Анџелес.

„Ги повикувам сите вклучени да разберат, иако разбирам дека ова е можеби нивниот момент да се прослават со некој филм, дека повеќе ќе блеснат ако протестираат и ги бојкотираат Оскарите“, изјави Пен за „Си-Ен-Ен“, пренесува „Њујорк пост“.

Пен доби два Оскари и вети дека ќе ја „поткопа“ церемонијата, доколку не му дозволат на Зеленски да зборува на настанот.

Една од домаќините на церемонијата, Ејми Шумер, ја претстави идејата Зеленски да зборува на церемонијата на доделување награди.

– Како што разбрав, донесена е одлука тоа да не се прави. Ако Академијата што доделува награди не го дозволи тоа, ако не мислат дека треба да ги поддржат лидерите во Украина, кои примаат куршуми и бомби за нас додека се обидуваат да ги заштитат украинските деца, тогаш мислам дека ова е најшокантниот момент во историјата на Холивуд, рече Пен.

Слични содржини