Шон Пен му подари Оскар на Зеленски (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

За време на посетата на Киев, популарниот американски актер Шон Пен му го врачи Оскарот што го доби на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Актерот и режисер по трет пат ја посети Украина за време на руската агресија.

Пен му го даде Оскарот на Зеленски, како симбол на вербата во победата на Украина, со надеж дека војната ќе заврши.

Зеленски, пак, на Пен му додели Орден за заслуги од трета класа.

„Покрај имињата на многу светски лидери кои и помогнале на Украина за време на војната, стои и плочата со името на Шон Пен. Шон Пен ја посети Украина на првиот ден од руската инвазија за да ги документира настаните во нашата земја и да му ја каже на светот вистината за руската агресија. Таквата поддршка за Украина и нејзиниот народ е исклучително вредна“, објави Зеленски на социјалните мрежи.

Слични содржини