Непосредно пред една недела Минка Кели го прослави својот 35-ти роденден.0ce47fce40dd57fda25f8e98e062b557

Изненадувачки, кон забавата се придружил и од неодамна слободниот Шон Пен. Актерите кои празнувале во софистициран ресторан во Сан Франциско, сепак не биле сами, туку заедно со пријателите на роденденката.

Токму на нив 54-годишниот Шон им раскажувал дека за прв пат тој и Минка се сретнале на добротворниот настан по повод Хаити, пишува сајтот TMZ.

Всушност хуманитарната активност е заедничка страст и на двајцата. Актерката неколкупати јавно поддржувала различни хуманитарни цели, а Шон може да се пофали со долга листа со добротворни проекти.

Минка објави фотографија од својот роденден во социјалната мрежа, но на неа немаше ни трага од холивудската ѕвезда.

Кон кадарот таа напиша: “Ова е дефинитивно ноќ која ќе се запамети, а можеби ќе се повторува секоја година!Танцував цела ноќ и таа не би можела да биде посовршена. Јас сум многу среќна девојка “ .

Фото: Instagram

Само пред неколку недели Шон Пен се раздели со Шарлиз Терон , со која дури беа свршени.

Во минатото пак Минка имала врски со безбол играчот Дерек Џетер и со актерот Крис Еванс . Со ѕвездата од “Капетан Америка” актерката оддржуваше односи од 2007 година, а на неколку пати двајцата се делеа.

Шон Пен за време на роденденот на Минка; Фото: Splash News

Слични содржини