ШПАНИЈА ГОРИ: Евакуирани илјадници луѓе поради пламенот

од Stefanija Kuzmanovska

Шпанските власти евакуираа речиси илјада луѓе од своите домови за да ги заштитат од пожарот кој од саботата уништи најмалку 12.000 хектари земја.

Пожар во рурална област на околу 120 километри западно од Мадрид избувна во саботата кога пламен избувна од автомобилите на автопатот и предизвика евакуација на луѓе од околните осум села, пишува „Ројтерс“.

Регионалниот службеник Хуан Карлос Суарез-Кињонес изјави денеска дека комбинацијата на силен ветер, висока температура и ниска влажност создаваат совршени услови за ширење на пожарот, но дека пожарникарите постепено ја преземаат контролата над огнот.

– Ако нема промена на условите на ветерот, денес треба да можеме да го стабилизираме пожарот – рече Кињонес.

Околу 1.000 пожарникари, вклучувајќи 140 припадници на армијата, беа ангажирани во гаснењето на пожарот, како и хеликоптери и авиони, додаде Кињонес.

Уште два пожара во близина се ставени под контрола, соопштија шпанските власти.

Слични содржини