Шпанија подготви 11 милијарди евра помош за мали и средни претпријатија

од Vladimir Zorba

Шпанската влада во петокот усвои пакет помош од 11 милијарди евра за малите и средни претпријатија за да им помогне да ја надминат кризата предизвикана од пандемија на Ковид-19.

Пакетот вклучува седум милијарди евра директна помош и три милијарди евра во програмата за доброволно реструктуирање на заемот одобрена од банките со државна поддршка за компаниите погодени од пандемијата, особено во клучниот туристички сектор.

За докапитализација резервирани се една милијарда евра, пренесува Банкар.ме.

Слични содржини