Истражувањата на Харвард покажале дека одредени промени во исхраната може да влијаат на подобрување на шансите за плодност и намалување на можноста за спонтан абортус. Храната која изобилува со антиоксиданти ги штити јајниците и спермата од слободните радикали.

Vitamini-za-trudnice

Истражувањата велдт дека неплодноста се намалува за 80%  доколку жената се префрли на плодна диета, односно се стави на режим на исхрана и ги промени нездравите животни навики. Според нутриционситката Зита Вест од Велика Британија, паровите кои сакаат да остават потомство треба да се придржуваат до четири основни правила во исхраната.

Да се јадат намирници богати со омега-3 киселините. Тоа е скуша, харинга, сардина или лосос, кои се одличен извор на витамин Д. Овие врсти на риби би требало да се јадат два до три пати неделно. Исто така во исхраната треба да се вметне и авокадо, ореви, ленено семе.

Една до две шоли полномасно млеко дневно исто така поволно делува на јајниците. Доколку не сте љубител на млеко, заменете го со полномасен јогурт, бидејќи на телото му треба и маснотии за да ги апсорбира нутритивните важности за плодност.

Дневното мени треба да содржи еден оброк со спанаќ, блитва, чаша сок од свежо овошје, еден оброк од овошна салата, еден оброк богат со есенцијални масни киселини и едно до две јајца дневно, малку јаткасти плодови, житарици и многу вода.Неделно, по еднаш јадете џигер или кавијар.

 

Слични содржини