Што ги чека Русите во борбата со короната? Путин зборуваше за рестриктивни мерки

од Stefanija Kuzmanovska

Неопходно е да се држи под контрола ситуацијата со ширењето на коронавирусот во Русија, бидејќи враќањето на рестриктивните мерки кои што беа воведени оваа пролет би било многу непожелно, изјавил рускиот претседател Владимир Путин, пренесе „Правда.рс“.

„Повторно се воведуваат строги ограничувања во одредени земји, фабриките се затвораат и така натаму“, рече Путин.

Според него, ситуацијата во Русија е малку подобра, но само затоа што навреме и ефикасно се преземаат неопходните мерки.

„Би било крајно, крајно непожелно да се вратиме на рестриктивните мерки кои беа воведени оваа пролет, поради што тестирањето нужно треба да се зголеми, да се почитуваат тековните барања и да се води дијалог со луѓето“, потенцираше рускиот претседател.

 

Слични содржини