Што не треба да пијат луѓето кои имаат проблем со надуеност?

од Nikola Popovski

Надуеноста може да биде предизвикана од голем број фактори, како што се пребрзо јадење, грицкање пред спиење или консумирање храна и пијалоци поврзани со пречки во варењето.

И додека многумина се свесни за негативните ефекти на зашеќерените пијалоци и газирани пијалоци, честа заблуда е дека диеталните газирани пијалоци немаат ист ефект. Газираните пијалоци се полни со шеќер и се доволно лоши сами по себе, додека диеталните газирани сокови често содржат непознати хемикалии.

„Овие типови на газирани пијалоци може да предизвикаат акумулација на премногу гасови, поради што се чувствувате подуени. Наместо да посегнувате по нив, обидете се да ги исклучите од вашата исхрана и видете како се чувствувате“, вели диететичарот Су-Нуи Ескобар.

Експертите за исхрана веруваат дека диеталните газирани пијалаци, освен надуеност, можат да предизвикаат и предвремено стареење.

„Хемикалиите како што се фосфорот, калиумот и кофеинот ги испуштаат минералите од коските и можат да ги оштетат клетките во телото“, тврди диететичарката Дејна Елис Ханс, пренесува хрватски „Индекс“.

Друг недостаток на ваквите пијалоци е тоа што тие се полни со празни калории, што може да поттикне зголемување на телесната тежина. Затоа водата или незасладениот чај се секогаш подобар избор. Двете напивки помагаат да се зачува целокупното здравје.

Слични содржини