Што остана од зградата во која се урна рускиот воен авион (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Руски воен авион се урна во станбена зграда во градот Јејск во Краснодарската област, во близина на југоисточната граница со Украина. Избувнал огромен пожар, а според последните податоци – четворица загинати, шест се сметаат за исчезнати, а 25 лица се повредени.

Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, а од делот од зградата кој горел не останало многу. Тој дел од зградата, според снимката што ја сподели украинската телевизија Некста, е уништен.

Да потсетиме, падот на авионот го потврди и руското Министерство за одбрана.

Тие изјавија дека борбениот авион Су-34 се урнал и дека пилотот успеал да се катапултира.

 

 

Слични содржини