Што порачува Анџелина Џоли со новата тетоважа? (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Откако го изгуби целосното старателство над децата, и мораше да го дели со нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит, Анџелина Џоли се одлучи за уште една нова трајна трага на своето тело во форма на тетоважа.

Последните денови, освен судската битка за стекнување целосно старателство над децата, која на крајот ја загуби, најмногу се пишуваше за нејзините повторни средби со поранешниот сопруг Џони Ли Милер. Имено, актерката е веќе видена неколку пати на излезот од неговиот стан во Њујорк, а на една од тие средби нејзиниот син Пакс беше со неа.

Сепак, во последните кадри на папараците, не привлекоа внимание ниту нејзините љубовни проблеми ниту старателството над децата, туку новата тетоважа. Имено, папараците ја снимија Анџелина како шета низ Њујорк, кога носеше здолниште и бела маица, а токму таа маица ја откри новата тетоважа, која има силна симболика.

Познато е дека Анџелина е голема обожавателка на тетоважите, па затоа овој пат реши да истетовира цитат на италијански јазик на десната рака. Станува збор за цитат од математичарот, физичар, астроном и филозоф Галилео Галилеј, од 1633 година – „Eppur Si Muove“ (Сепак се врти).

Слични содржини