Што прави британската влада : Премиерот Џонсон сака да го ревидира договорот за Брегзит

од desk4

 

САМО седум месеци откако го пофали, британскиот премиер Борис Џонсон се обидува да го ревидира договорот за Брегзит што го потпиша со Европската унија, пренесува Си-Ен-Ен.
Тоа е ризичен потег што ќе го наруши кредибилитетот на Велика Британија како сигурен трговски партнер во време кога владата на Велика Британија сака да склучи економски сојузи далеку надвор од Европа за да ја оправда продажбата на „глобална Британија“ на Брегзит, велат експертите.
Официјални претставници на ЕУ веќе го отфрлија повикот на Велика Британија за повторно преговарање, што според експертите за трговија е храбар обид да се изврши притисок врз Европската унија да се согласи на барањата што веќе ги отфрли за време на претходните преговори.
Другите земји што ја следат драмата, ќе продолжат да бидат претпазливи кога станува збор за односите со Велика Британија, според Л. Алан Винтерс, од Опсерваторијата за трговска политика на Обединетото Кралство на Универзитетот во Сасекс, Англија.
„Тоа секако доведува до преиспитување на оваа влада“, изјави Винтерс за Си-Ен-Ен Бизнис.
– Мислам дека ова нема да доведе до целосен прекин на преговорите меѓу Велика Британија и другите земји, но мислам дека оваа постапка ќе ја отежни ситуацијата – додаде тој.

На крајот, проценува аналитичарот – каприциозното однесување на британската влада не свети во најдобро светло, но тоа не мора да има фатални последици за идните трговски сојузи.

Слични содржини