Што се случува во телото доколку пиете само една чаша вода дневно?

од Nikola Popovski

Редовната и правилна хидратација е многу важна за организмот, но доколку не се почитува препорачаното внесување на вода, тоа може да доведе до многу несакани симптоми.

Како и за здравјето, водата е многу важна за нега и убавина на кожата. Препорачаниот дневен внес на вода е шест до осум чаши.

Водата се исфрлува од организмот преку урина и пот, па затоа е важно секојдневно да се надополнува изгубената течност. Ако пиете помалку вода дневно од препорачаното, може да се јави следново:

Желба за слатки

Во попладневните часови, кога нивото на енергија обично паѓа, може да дојде до зголемена желба за слатки.
Друга причина за ова може да биде недоволниот внес на вода, бидејќи тогаш црниот дроб се бори со конверзија на гликоген во гликоза, или шеќер, за крвотокот.

Замор и поспаност

Доколку ве фати попладневна дремка, за да се разбудите потребно е да испиете чаша вода со шолја кафе, бидејќи чувството на замор е еден од знаците на дехидрација.

Во една британска студија од 2015 година, секој петти пациент покажал симптоми кои би можеле да бидат последица на недоволно внесување вода, вклучително и замор.

Изразен глад дури и после оброк

Ако сè уште се чувствувате гладни после јадење, можеби е виновна дехидрацијата. Недоволната, па дури и умерена дехидрација, телото често погрешно ја протолкува како глад, поради што посакуваме уште една ужина, која со текот на времето може да доведе до зголемување на телесната тежина.

Сува уста и главоболки

Сувата или леплива уста е еден од главните знаци на дехидрација, поради што е многу важно да се пие препорачаната количина на вода.

Исто така, поради неправилна хидратација се јавуваат главоболки кои можат да бидат со различен интензитет, од тапи и благи до исцрпувачки. Оваа болка ќе предизвика привремено намалување на волуменот на мозокот поради губење на течности.

Тогаш мозокот нежно се повлекува од черепот, што предизвикува непријатно чувство на болка. Меѓутоа, кога ќе пиете вода, мозокот ќе се врати во нормален волумен и тогаш главоболката треба да престане, објави порталот „Магазин новости“.

Слични содржини