Што се случува во вашиот организам ако секое утро јадете една лажичка мед?

од Stefanija Kuzmanovska

Медот е веројатно една од најздравите намирници за почеток на денот.

Медот е лесно сварлива намирница која ја враќа силата и ја зајакнува психата. Помага при побрзо зараснување на рани, болести на цревата и желудникот, како и покачена телесна температура.

Многу луѓе го започнуваат денот со земање една лажичка мед, кој традиционалната медицина го опишува како алтернативен лек за различни здравствени состојби.

Еве какви придобивки му носи медот на вашиот организам.

Го ублажува проблемот со синусите
Антибактериските и антисептички својства кои се природно присутни во медот, ги отстрануваат инфекциите и го намалуваат воспалението на синусите.

Медот го смирува и грлото, го намалува кашлањето и го зајакнува имунолошкиот систем.

Пружа енергија
Природниот, необработен шеќер кој го содржи медот оди директно во крвотокот и може да обезбеди брз налет на енергија.

Вашето вежбање во теретана ќе има голема корист од ова брзо засилување на енергијата, особено ако правите долги вежби за издржливост.

Помалку стрес
Медот помага да се смират нервите и да се ублажи заморот, кои се резултат на брзиот начин на живот. Гликозата содржана во медот е неопходна за работата на невроните. Брзо се апсорбира во крвта, што придонесува за релаксација и ублажување на симптомите на анксиозност.

Полн е со антиоксиданси
Колку е потемен медот, толку повеќе антиоксиданси содржи, природни соединенија кои помагаат во поправка на оштетените клетки кои можат да го зголемат ризикот од срцеви заболувања или рак.

Доволна дневна доза е две до три лажички мед доколку консумирате и доволно овошје и зеленчук.

Пружа квалитетен сон
Имате проблеми со спиењето? Топол пијалок со мед и млеко треба да се испие веднаш пред спиење.

Неколку лажички мед во млеко или чај долго време се користат за да се поттикне спиењето.

Го зајакнува срцето
Истражувањата покажуваат дека антиоксидансите содржани во медот можат да го спречат стеснувањето на артериите. Во зависност од тоа каде се јавува, стеснувањето може да доведе до срцева слабост, губење на меморијата или главоболки.

Слични содржини