Што значи новиот „Европски сојуз“ на здружената албанска опозиција: „Допрва ќе се води борба, со Алијанса ќе бидат уште посилни“

од Nikola Popovski
382 прегледи

Здружената албанска опозиција вчера и официјално се обедини со цел завршување на речиси 20 годишното владеење на ДУИ и Али Ахмети. Алтернатива на Гаши, Беса на Касами и Демократското движење на Меџити ја промовираа коалицијата „Европски сојуз за промени“. Остануваат цврсто на своите заложби за брза интеграција на земјава во Европската Унија. Порачаа дека овој сојуз ќе донесе промени кај Албанците. Изет Меџити рече дека на следните парламентарни избори ќе одат со заеднички листи за пратеници, додека коалицијата ќе има и кандидат Албанец за претседател. Исто така ги повикаа членовите на Алијанса за Албанците да се приклучат кон промената.

Берат Азизи

Дел од јавноста смета дека е добро што има промени на политичката сцена. Политичкиот аналитичар Берат Азизи во разговор за „Локално“ вели дека е добро што нивните пораки се многу јасни и можат да донесат промени бидејќи крајно време е во нашата земја да започне со основни промени.

-Заедничките листи и единствен кандидат албанец за претседател на државата од старана на опозицијата сигурно ќе притисни и кај партите што се на власт да направат нешто или и тие да одат со заеднички кандидат. Притисокот е поголем кон партите на власт ДУИ и СДСМ кои порано најавија колаиција за европска иднина која се уште не едефинитивна. Мислам дека со заедничка листа албанските парти БЕСА, Алтернатива и Демократско Движење ќе имат поголем број на пратениците и во демократијата бројките играт голема улога. Од нивниот заеднични настап очекувам тие да стојат на тоа што им ветуват на граѓаните подобра иднина и подобар живот. Исто така очекува дека патот кон ЕУ ќе продолжи без разлика дали ке имаме уставни промени или не, посочува соговорникот.

Според Азизи, опозицијата има право да ги покани партиите да бидат дел од здружената опозиција и ако се работи за Алијанса на Албанците која е дел на власта.

-Ако се приклучи и АА на заедничкиот опозициски фронт се разбира ќе биде посилна и ќе нема друг противник освен ДУИ. Мислам дека еден факт што опозицијата стои со отворени врати за АА е недоразбирањето кај самата АА, каде постојат различни мислења. Последните изјави на високите преставници на ДУИ кои ја обвинуваат партијата дека е корумпирана дава јасен знак дека тие сакаат да избегнат од ДУИ и да се приклучат со здружената опозиција, а од другата страна едно крило предводено од Лога е да одат сами на избори. Тука сигурно оваа партија ќе има последици, смета аналитичарот.

Во однос на бришењето на формулацијата „20%“ за албанскиот јазик, кое е неизоставен дел од програмите на секоја албанска партија, Азизи вели дека сега е тешко е да се зборува за тоа бидејќи зависи и од настаните што се случуваат околу нас.

-Од друга страна ЕУ сака уставни промени и да се реши проблемет со Бугарија за да продолжи патот кон ЕУ. Притисокот врс албанските партии за уставни промени е голем и странците не сакаат да слушат за „20%“ барем засега. Во иднина кога ние ќе станеме дел од ЕУ сигурно и тој термин ќе биде тргнат и ќе се променат многу нешта. Едно мислам дека ќе се случи во идниот мандат без разлика кој ќе биде на власт. Ако ЕУ навистина сака и ние да бидеме дел, ќе ги принуди да направат уставни промени и други промени кои ќе бидат во согласност со европските закони, заклучува Азизи.

Митасин Беќири

Игра на интереси – вака универзитетскиот професор Митасин Беќири гледа на „Европскиот сојуз за промени“. Во разговор за „Локално“ порачува дека прашањето е сега кој каде ќе се најде – дали со ДУИ или со другите.

-Очигледно Алијанса за Албанците им вртат на сите поради тоа што не поминал Законот за амнестија. Здружената албанска опозиција се определиле за европски пат, најавиле заедничка листа, па ќе видиме, истакнува соговорникот.

Околу ситуацијата со Алијанса на Албанците на Арбен Таравари, Беќири вели дека веќе се во владина коалиција.

-Тука допрва ќе има математики и борба на лактови. Сега првично е најавено дека експлозивно треба да се настапи. Скептик сум за албанските коалиции бидејќи кога ќе дојде расправата кој кое место ќе го земе, ќе се расипат уште пред да се состави коалицијата. Европскиот сојуз на промени треба да биде нешто. Само така можат да го победат ДУИ, ако се соединат, во спротивно тоа не е можно, дециден е професорот.

Вели дека ДУИ игра на националистичките карти и формулацијата „20%“ веќе 20 години и на крај пак игра како е нивна волја.

-Се е сведено на јас и мое – партиски интерес. Не им е важно за Албанците, туку само кога им е потребна таа карта, тогаш се вади во јавноста. Ако ДУИ промашиле, сега албанскиот блок играат на таа, за да добијат гласови, оценува Беќири.

Н.П.

Слични содржини