Шведска е втора во Европа по бројот на новозаразени

од Nikola Popovski

Стапката на нови инфекции со коронавирус во Шведска се зголеми минатата недела, а сега оваа земја е на второто место во Европа, зад Сан Марино, покажаа денешните податоци.

Бројот на пациенти на интензивна нега во Шведска го надмина пикот на вториот бран на пандемијата на крајот на минатата година.

Според податоците на локалните здравствени власти, Шведска од петокот има 19.105 нови случаи, јавуваат тамошните медиуми/

Шведска сега има 625 нови случаи на милион жители на ден, според податоците на порталот „Нашиот свет во податоци“.

Слични содржини