Шведската премиерка: По 200 години неутралност избравме нов пат

од Nikola Popovski

Шведската премиерка Магдалена Андерсон рече дека руската инвазија на Украина е „пресвртница“ во контекст на барањето на Шведска за членство во НАТО.

„Мојата влада дојде до заклучок дека безбедноста на шведскиот народ ќе биде најдобро заштитена во рамките на НАТО“, рече таа на конференцијата во Белата куќа каде што финскиот претседател и она беа гости на Џо Бајден.

„Шведска избра нов пат по 200 години воена неутралност“, рече Андерсон.

„Финска ја донесе одлуката по брз, но многу темелен процес. Уште еднаш се покажа силата на нашата демократија“, рече финскиот претседател Саули Ниинисто по средбата со американскиот претседател Џо Бајден. Тој ја нарече „историски чекор“ одлуката на неговата земја да поднесе барање за членство во НАТО.

Тој исто така рече дека „Финска ќе стане силен НАТО сојузник“.

„Ние ја сфаќаме нашата безбедност многу сериозно“, додаде финскиот претседател.

Слични содржини