Си: Поставени се цврсти темели во односите меѓу Кина и Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Односите меѓу Русија и Кина се на цврста основа, а способноста на двете земји да се соочат со предизвиците станува се посилна, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг за време на разговорите со рускиот премиер Михаил Мишустин во Пекинг.

„Денес поставивме цврсти темели за интеракција, чиј обем и квалитет се зголемуваат, а нашата способност да се спротивставиме на ризиците се зајакнува. Ова покажува отпор кон потенцијалните тешкотии и можност за заемно корисна соработка меѓу двете земји“, изјави кинескиот лидер, пренесе РИА Новости.

Си додаде дека планот за зголемување на билатералната трговија меѓу Русија и Кина на 200 милијарди долари годишно е направен пред предвиденото, додавајќи дека оваа бројка веќе достигнала 218,28 милијарди долари.

Слични содржини