Сијарто и Чавушоглу ќе присуствуваат на самитот на „Отворен Балкан“ во Белград

од Vladimir Zorba

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Албанија, Еди Рама и на Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе претседаваат со Самитот во рамките на иницијативата Отворен Балкан на 2. септември во Белград.

Самитот ќе се одржи во Палатата Србија, а ќе присуствуваат и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, претседавачот со Советот на министри на БиХ Зоран Тегелтија, министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто и министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу, соопшти Претседателството на Србија.

Во петок, официјалните лица ќе пристигнат нешто пред 10 часот, кога ќе следи и официјалното отворање на самитот со обраќање на лидерите. Потоа, во 11 часот ќе има средба на лидерите со претставници на институциите задолжени за привлекување инвестиции во рамки на иницијативата Отворен Балкан.

Лидерите од 12 до 13 часот ќе одржат средба со претставници на кризните групи за снабдување со храна и енергија како дел од иницијативата Отворен Балкан.

Како што се наведува, во 13 часот следува потпишување на билатерални документи и заедничка прес-конференција.

Слични содржини