Силен земјотрес го погоди северот на Јапонија

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди најсеверниот јапонски главен остров Хокаидо, но засега нема информации за материјална штета или повредени.

Земјотрес на длабочина од 136 километри го погоди југозападниот дел на Хокаидо, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Не е издадено предупредување за цунами, а не се забележани никакви проблеми во нуклеарните централи во областа или прекини на струја, јавува „Асошиејтед прес“.

Слични содржини