Силен земјотрес ја погоди Грција утрово

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала рано утрово погоди област недалеку од грчкиот град Нафпактос, објави атинскиот институт за геодинамика.

Овој град се наоѓа на северниот брег на Коринтскиот Залив.

Епицентарот бил на 11 километри југоисточно од Нафпактос, на длабочина од шест километри.

Засега нема информации за причинета материјална штета.

Слични содржини