Силен земјотрес ја погоди Турција

од Stefanija Kuzmanovska
278 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди источна Турција.

Земјотресот е регистриран во близина на Баскил, 29 километри североисточно од Синџик во провинцијата Адијаман.

Потресот бил регистриран на длабочина од девет километри.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Земјотресот бил почувствуван на повеќе од 200 километри, а го почувствувале околу пет милиони луѓе во Турција.

Слични содржини