Силна експлозија на плинска боца во Загреб, едно лице загина

од Vladimir Zorba

Звукот на силна детонација ги разбудил жителите на зградата во населбата Трнско во Нови Загреб, а потоа и чадот кој се проширил на становите горе, поради што ја алармирале противпожарната служба.

„Денеска, 01.10.2022 година, околу 06.20 часот во Загреб на улица „Трнско“ од засега непознати причини избувнал пожар во стан, едно лице загинало, а експлодирала плинска боца. На уште две лица им е укажана помош од вдишување чад, додека други повреди нема“, соопштија од полицијата

Истрагата за оваа несреќа е во тек, информира Н1.

Слични содржини