Силва: Десет години во Сити се доволни

од Vladimir Zorba

Шпанскиот играч од средниот ред, Давид Силва ќе го напушти англискиот фудбалски шампион Манчестер Сити следното лето. 33-годишниот Силва изјави за Би-Би-Си дека сезоната 2019/2020 ќе биде негова последна во тимот на клубот од „Етихад“.

„Ова ќе биде моја последна сезона во Сити, десет години е доволно. Тоа е крајот на еден циклус, тоа е едноставно совршен момент“, рече Силва.

Тој исто така планира да ја напушти Англија.

„Не можам да замислам да играм со друг тим против Сити“, рече Шпанецот.

Силва се пресели во Манчестер во 2010 година од Валенсија и освои четири титули во Англија, два ФА Купа и уште четири пати Лига Купот.

Тој има 396 натпревари со 71 гола и 129 асистенции за Сити.

Слични содржини