Симпсонови пред седум години ја предвидоа новата кандидатура на Трамп за претседател

од Stefanija Kuzmanovska

Продуцентот на Симпсонови посочи дека анимираната серија повторно ја предвидела иднината, овој пат во врска со претседателската кандидатура на Доналд Трамп.

Како што пренесе „Блумберг“, Ал Џин на Твитер објавил скриншот од епизода на Симпсонови од 2015 година, на која се гледа летачки Хомер Симпсон со знак во позадина на кој пишува „Трамп 2024“.

Оваа објава уследи по најавата на Трамп дека ќе се кандидира за трет мандат како претседател на САД.

Креаторите на Симпсонови претходно стекнаа репутација за предвидување на настани од реалниот свет, откако во една епизода во 2000 година навестија дека Доналд Трамп еден ден ќе биде претседател.

Слични содржини