Синоќа откажани сите полетувања и слетувања од скопскиот аеродром поради густата магла

од Stefanija Kuzmanovska

Синоќа беа откажани сите полетувања и слетувања од скопскиот аеродром за вечерта. Информацијата е достапна на веб страницата на аеродромот.

Причина за ова е густата магла и намалената видливост во скопската котлина.

Повеќе од 40 минути вчера авион кружел над Скопје и не можел да слета, па беше пренасочен кон Приштина.

Слични содржини