Сирија ги прекина дипломатските односи со Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Сирија ги прекина дипломатските односи со Украина, соопшти денеска владата на таа земја.

Одлуката уследи по изјавата на украинскиот претседател Владимир Зеленски во јуни дека неговата влада ги прекинува дипломатските односи со Сирија, пренесе Си-Ен-Ен.

„Сириската Арапска Република одлучи да ги прекине дипломатските односи со Украина во согласност со принципот на реципроцитет и како одговор на одлуката на украинската влада“, објави државната новинска агенција САНА, цитирајќи официјален претставник во Министерството за надворешни работи.

Зеленски објави крај на дипломатските односи со владата на претседателот Башар ал Асад откако Дамаск ја призна независноста на двете сепаратистички републики Доњецк и Луганск, поддржани од Русија.

Слични содржини