Сириската војска почна да праќа трупи против турската офанзива

од desk2

 

Дамаск почна да ги преместува своите сили во пресрет на турските трупи кои изведуваат операција против Курдите во тоа подрачје, јави државната новинска агенција Сана. Медиумите пренесоа дека се разместуваат трупи на северот на државата.

Петти ден од турската офанзива чија цел е заземање на граничните подрачја од милициите на сириските Курди, курдските власти објавија дека од бегалскот камп по бомбардирањето побегнале околу 800 лица блиски до припадниците на Исламската држава.

Турција тврди дека со таа офанзива се обидува да обезбеди сигурносна зона длабока 32 километри за да ја одвои својата граница ос териториите кои се под контрола на Единиците на народната заштита, која Анкара ја смета за терористичка.

Слични содржини