Сириските владини сили обвинети за бомбардирање на Алепо со хлорни бомби

од Vladimir Zorba

timthumb (8)

Сириски опозициски активисти и претставници на цивилната заштита денеска ги обвинија владините сили дека го бомбардирале Алепо со бомби со хлор, пренесоа американските медиуми.

Хеликоптер пуштил контејнери со отровниот гас во реон од градот што е под контрола на бунтовници. Десетици луѓе биле настрадани во бомбардирањето, наведуваат активистите.

Нападот врз густо населениот кварт Ас Сукари бил извршен денеска. Најмалку 80 лица побарале медицинска помош и биле префрлени во болница.

Информацијата не може да се провери од независен извор, забележуваат американските медиуми. Исто така, не е познато како активистите утврдиле дека станува збор за напад со хлор./a1on

Слични содржини