Сите играчи на Л.А. Лејкерс без симптоми по 14 дена изолација

од Stefanija Kuzmanovska

Две недели откако беше објавено дека двајца играчи на Лос Анџелес Лејкерс се позитивни на коронавирус, екипата објави дека сите други се без симптоми по 14 дена домашна изолација.

„Сите играчи на Лејкерс во моментот немаат симптоми на вирусот КОВИД-19. Тимот ќе продолжи да ги следи упатствата за здравје и безбедност на владата и НБА“, објавија Лејкерс.

Лејкерс на 19 март објави дека двајца нивни играчи биле позитивни на вирусот, но не го открија нивниот идентитет. Нивниот тест беше позитивен за КОВИД-19, откако беше откриено дека четворица играчи на Бруклин Нетс се позитивни. Лејкерс одиграа натпревар против Нетс на 10 март, а еден ден подоцна НБА лигата објави дека ја прекинува сезоната до понатамошно известување.

ЕСПН објави дека 14 од 17 играчи на Лејкерс биле тестирани, на начин што играчите не морале да излегуваат од своите автомобили.

Слични содржини