Сите необични примени на активниот јаглен

од Elena Daskalova

Активниот јаглен го користиме за смирување на стомачните тегоби, но неговата намена е многу поширока од онаа на која сме навикнати.

Во продолжение прочитајте за што сè останато можете да го користите:

Апсорбира мириси

Неколку издробени таблетки во сад ставете ги во фрижидерот, за да ги апсорбира непријатните мириси кои може да се создадат од храната. Исто можете да го применувате и во тоалетот, доколку немате прозорци.

Ја чисти кожата на главата

Маската со активен јаглен ќе ви помогне да се изборите со првутот и вишокот маснотии на темето на главата. Измешајте со кокосово масло и пастата нанесете ја на корените на косата.

Маска за лице

Маската за лице можете да ја направите од две таблетки, една лажичка желатин и малку вода. Оставете ја додека да се исуши целосно. Овој третман помага во чистење на порите.

Избелување на забите

Активниот јаглен во прав можете да го измешате со пастата или пак само да го нанесете на четката и да ги исчеткате забите. Убаво исплакнете по четкањето, за да не се познаваат црни траги.

Маска против акни

Измешајте активен јаглен во прав со кокосово масло или со немасен лосион за тело и намачкајте на деколтето и рамениците. Ако имате проблем со затнување на порите направете паста со неколку капки вода. Исплакнете по 15 минути.

Слични содржини