Сити го привлече новиот „Нејмар“

од Vladimir Zorba

Манчестер Сити денес потврди дека е постигнат договор со 17-годишното крило на Флуминенсе – Каики.

Сити објави дека еден од најголемите таленти на бразилскиот фудбал во следните пет години ќе биде поврзан со клубот.

Каики останува во Флуминенсе додека не стане полнолетен.

Младиот офанзивен играч е новата голема надеж на бразилскиот фудбал. Многумина го сметаат за наследник на Нејмар, иако тој беше само два месеци во првиот тим.

Сепак, тој веќе привлече големо внимание.

Постигна два гола на осум настапи, а еден од нив ги воодушеви сите затоа што ја посрамоти одбраната на противникот во нивниот шеснаесетник.

Бразилските медиуми тврдат дека неговиот трансфер изнесувал 10 милиони евра со бројни бонуси и 20 проценти од следниот трансфер.

Слични содржини