СКАНДАЛ во Британија: Министерот за здравство фатен со љубовница

од Берта Китинска

Мет Ханкок, британскиот министер за здравство, призна дека ја прекршил мерката физичко растојание,  откако во медиумите се појавија фотографиите на кои тој се бакнува со својата колешка Џина Коладанџело.

Ханкок рече дека и дека „многу му е жал“ за фотографиите со соработничката која што тој самиот ја назначил на позицијата во министерството.

Опозициската Лабуристичка партија побара од премиерот Борис Џонсон да го разреши Ханкок, оценувајќи дека неговото останување на функцијата е „неодржливо“.

Поранешен вработен во Министерството за здравство изјави за „Сан“ дека парот имал редовни состаноци и дека е „шокантно што министерот имал афера среде пандемија со советник“.

– Тие се обидоа да го чуваат во тајност, но секој знае што се случува во таа зграда. Изненаден сум што е толку арогантен што го прави тоа додека извршува јавна функција – додава тој.

Слични содржини