Скандал во Германија: Скриени камери во соблекувална на ракометарки

од Nikola Popovski

Ракометарските на германскиот клуб ТуС Мецинген не знаеле дека се изложени на туѓи погледи во соблекувалната.

Германската полиција покрена истрага откако во соблекувалната на ракометарките на споменатата женска бундеслигашка екипа биле пронајдени две скриени камери.

Клубот денеска соопшти дека истражните органи сомничат едно лице кое работело со тимот, а во меѓувреме го напуштило клубот. Камерите биле пронајдени на почетокот на неделата.

Раководството на ракометната лига за дами соопшти дека се „шокирани“ и најостро го осудуваат ваквото однесување.

Сличен инцидент се случи и минатата година, кога во соблекувалната на клубот Бухолц 08-Розенгартен беа пронајдени три камери. Од лигата соопштија дека истрагата за случајот е во тек.

Слични содржини