СКАНДАЛ ВО САД: Медицинско лице намерно уништило 500 дози вакцина против корона

од Nikola Popovski

Полициските и федералните власти во САД го испитуваат случајот на медицински работник кој признал дека намерно уништил 500 дози на вакцина против коронавирус.

Медицинскиот центар „Аурора“ прво извести дека дозите се биле скршени во саботата, додавајќи дека тие случајно биле оставени надвор од замрзнувачот во градот Графтон, но денес велат дека медицинскиот работник намерно ги уништил вакцините.

Полицијата во Графтон, околу 30 километри северно од Милвоки, активно работи со ФБИ и Администрацијата за храна и лекови за утврдување на околностите.

Од полицијата првично изјавија дека биле информирани во средата вечерта за наводно уништување на вакцините, но денес немаат информации и одбија да кажат дали некој е уапсен.

Во изјавата објавена рано утрово, од Аурора соопштија дека нивниот работник „признал дека намерно ги извадил вакцините од замрзнувачот“ и дека веднаш бил отпуштен, а случајот е оставен на властите.

Мотивите за оваа работа сè уште не се познати.

„Ние ќе продолжиме да веруваме дека вакцинацијата е наш начин да се стави крај на пандемијата. Ние сме повеќе од разочарани што поединец го сторил овој чин, поради што 500 луѓе ќе ја примат вакцината со задоцнување“, се вели во изјавата на Аурора.

Слични содржини